Егзекутиран Иранец кој шпионирал за ЦИА и Мосад

Од:

Во Иран утрово е егзекутиран ирански државјанин, кој е осуден за давање информации на американски и израелски разузнавачки служби во врска со локацијата на иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен во американски напад со дрон.

Махмуд Мусави Маџд е прогласен виновен за шпионирање на иранските вооружени сили, посебно Силите Кодс. Тој е осуден за давање информации на американската ЦИА и израелскиот Мосад во врска со движењето на командантот на Силите Кодс, генералот Касем Сулејмани.

Во американскиот напад со дрон, извршен на 3 јануари во близина на аеродромот во Багдад, е убиен генералот Сулејмани, заедно со уште шест лица, меѓу кои и заменик командант на ирачките милиции, поддржани од Иран.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он