Египјанка и нејзините деца осудени на 15 години затвор за напуштање Исламот

Од:

Египјанка и нејзините седум деца се осудени на 15 години затвор затоа што мајката сакала од исламската вера да се врати во христијанство.

Надиа Мохамед Али била воспитувана како христијанка, но пред 23 години го прифатила исламот, кога се омажила за Мохамед Абдел-Вахаби Мустафа. По неговата смрт, планирала да се врати на својата “оригинална вера” заедно со децата.

Меѓутоа, кривичниот суд во египетскиот град Бени Суеф ја осуди жената и нејзините деца на 15 години затвор. Пет години затвор, добија уште седум луѓе кои биле вклучени во случајот.

Здружението за заштита на човековите права предупреди дека оваа пресуда, е знак какво време го чека Египет под исламистичка влада.

Службениците од канцеларијата за управни работи и помогнаа на жената помеѓу 2004. и 2006 година. даа дојде до нови документи.

Но, новиот режим, Надја, нејзините деца и службениците ги обвини, а судот ги испрати на долга затворска казна.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски