Египѓаните сега тврдат дека за неколку часа се очекува примирје меѓу Израел и Хамас

Од:

Прекинот на огнот меѓу Израел и Палестинците во Појасот Газа се очекува да почне за неколку часа, изјави за германската ганеција ДПА египетски безбедносен извор.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе го претстави предложениот прекин на огнот што ќе го одобри израелската страна во текот на денов, додаде изворот.

Египет гарантира запирање на лансирање ракети од Газа по најавата на Израел за запирање оган од своја страна, додаде изворот и според него, Египет почнал „шатл“ напори меѓу Палестинците и Израелците да постигнат примирје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“