Египетските војници заробени во Судан, Египет: Тие не се таму за да поддржат ниту една страна

Од:

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси вчера изјави дека египетските војници заробени во Судан не биле таму за да поддржат ниту една од двете завојувани страни, туку за да тренираат со членовите на суданската армија.

Откако во саботата избувнаа судири во Судан меѓу паравоените сили за брза поддршка (РСФ) и редовната армија, РСФ објави видео за кое тврди дека покажува како египетските војници им се „предаваат“ во северниот град Мероу, на половина пат меѓу суданскиот главен град Картум и границата со Египет.

На снимката се гледаат војници во униформа како се спуштаат и разговараат со припадниците на РСФ на египетски арапски дијалект.

Египетскиот претседател Сиси во говорот емитуван на државната телевизија по неговиот состанок со воените лидери рече дека е во контакт со РСФ за да ги обезбеди египетските војници во Судан.

„Се надеваме дека ќе ги вратиме нашите војници што е можно поскоро“, рече Сиси.

Тој додаде дека Египет е во редовен контакт со суданската армија и РСФ за „да ги охрабри да го прифатат примирјето и да го поштедат суданскиот народ од крвопролевањето“.

Водачот на РСФ, генерал Мохамед Хамдан Дагало, попознат како Хемедти, за телевизијата Скај Њуз Арабија изјави дека египетските војници се добро, дека РСФ им дала храна и вода и дека е подготвен да им овозможи враќање во Египет.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан