Египетски суд дозволи да се пушти бродот што го затна Суецкиот канал

Од:

Египетски суд денеска издаде наредба со која се дозволува ослободување на огромниот контејнерски брод „Евер Гивен“, откако товарот беше привремено блокиран во Суецкиот канал заради нарушување на глобалната трговија, јави ДПА.

Претседателот на Економскиот суд во Исмаилија го одобри барањето поднесено од Агенцијата што стопанисува со Суецкиот канал (СЦА) за укинување на налогот за притвор за транспортерот што плови под панамско знаме, јави државниот весник ал-Ахрам.

И СЦА и сопственикот на јапонскиот брод минатата недела соопштија дека е постигнат договор во спорот околу обештетувањето што го побараа властите на каналот и дека на бродот ќе му биде дозволено да замине.

„Евер Гивен“, долг 400 метри, еден од најголемите бродови со контејнери, во март се насука во Суецкиот канал и цели шест дена го блокираше најзначајниот воден пат меѓу Азија и Европа, потсетува германската агенција.

Јапонскиот брод пловеше под знамето на Панама и пред инцидентот беше изнајмен од тајванска компанија.

Суецкиот канал, што го поврзува Средоземното со Црвеното Море, е еден од главните извори на приходи за Египет, заедно со туризмот и дознаките од иселениците, појаснува ДПА.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски