Египетската опозиција ги обвини исламистите дека сакаат да ги фалсификуваат резултатите од референдумот за Уставот

Од:

Опозицијата во Египет го обвини движењето „Муслиманско братство“ на претседателот Мухамед Морси, дека се обидува да ги фалсификува резултатите од денешниот референдум за спорниот проект за измени во Уставот, и сигнализира за мноштво прекршувања, пренесоа француските медиуми.

-Големината на прекршувањата јасно ја покажуваат желбата да се изврти волјата на избичите од страна на „Муслиманско братство“ со цел да се протурка Уставот на ова движење, се посочува во изјавата на Фронтот за национален спас (ФНС), коалиција на главните опозициски движења.

Прекршувањата се утврдени „во сите региони во кои денеска се гласа и се извршуваат со едноставни средства“, се дополнува во изјавата на опозицијата.

ФНС ги повика „компетентните инстанци да ја преземат одговорноста за гарантирање на транспарентноста“ на гласањето и го повика „ египетскиот народ да отиде до избирачките места и да каже „не“ и да го спречи секој обид да се изврти волјата на народот“.

Како примери за прекршувања опозицијата наведува дека во некои избирачки места „Муслиманско братство“ агитирало да се глаа со „да“, дека се делени шеќер, масло и чај, а во Каиро судија им пречел на христијански избирачи да влезат да гласаат.

Засега не е можно овие тврдења да се потврдат од независен извор, забележаа француските медиуми.

Референдумот денеска ќе се оддржи во десет губернии, меѓу кои се Каиро, Александрија, во градовите на нестабилниот Синајски полуостров и во јужниот дел на земјата. Жителите на останатите 17 губерни ќе гласаат следната сабота.

Гласањето беше поделено во два круга, затоа што не се најдоа доволен број судии кои сакаат да го контролираат текот на гласањето.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски