Египетската армија загубила 11 војници во напад на милитантите во Синај

Од:

Египетската армија денеска соопшти дека 11 нејзини војници биле убиени во судир, откако бил спречен напад на милитантите источно од Суецкиот канал во Синај, јави ДПА.

„Милитантите нападнаа фабрика за пумпање вода источно од главниот воден пат, предизвикувајќи судири што резултираа со убиство на еден офицер и 10 војници“, на Фејсбук страницата на армијата соопшти воениот портпарол, полковник Гариб Абдул Хафез.

Уште петмина други војници се повредени, додаде официјалниот армиски претставник, без да даде дополнителни детали за нстанот, пренесува ДПА.

„Во тек е лов на терористичките елементи“, додаде тој, велејќи дека потера по напаѓачите се одвива во Синај, пустинскиот полуостров во Египет.

Египет од 2013 година бележи раст на екстремистичките напади, главно во Синај, откако армијата го симна од власт Мохамед Морси, првиот демократски избран претседател во земјата.

Оттогаш во напади низ Египет се убиени стотици претставници на безбедносните сили, за кои претежно одговорноста ја презеде огранок на терористичката милиција Исламска држава.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски