Египет: Претстојниот викенд референдум за продолжување на мандатот на претседателот

Од:

Од 20 до 22 април Египѓаните со право на глас ќе можат да гласаат за амандманите за продолжување на мандатот на претседателот Абдел Фатах ал Сиси, соопшти денеска Државната изборна комисија.

Египѓаните во странство во дипломатските мисии ќе гласаат од 19ти  до 21ви април.

Тоа е објавено по гласањето во египетскиот парламент, каде со големо мнозинство (531 од вкупно 554 пратеници) се поддржаа низа уставни амандмани, меѓу кои и продолжување на претседателскиот мандат.

Уставот од 2014 година ограничува на два последователни мандати во траење од по четири години. Со предложените промени се овозможува продолжување на вториот мандат на Ал Сиси од четири на шест години, кој би завршил во 2024 година. Тогаш претседателот би можел да се кандидира за трет, шестгодишен мандат, што би му овозможило да остане на власт до 2030 година.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски