Египет почна со вакцинација против коронавирусот

Од:

Египет денеска почна со вакцинација против коронавирусот, вакцинирајќи ги прво здравствените работници со вакцината на кинескиот гигант Синофарм.

Министерката за здравство, Хала Зајед, изјави дека здравствените работници во 40 болници, кои се наменети за изолација и лекување на пациенти со Ковид-19 низ целата земја, имаат предност во вакцинацијата.

Потоа ќе се вакцинираат старите лица и луѓето кои имаат хронични заболувања, рече Зајед.

Таа додаде дека луѓето треба да примаат две дози од вакцината во рок од 21 ден, а кинеската вакцина е ефикасна 86 проценти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува