Мини-торнадото кое попладнето го зафати кампoт на југот од Ардеш во јужна Франција усмрти едно лице и повреди четири други, јавува дописникот на МИА од Париз.
Според француските медиуми, мини-торнадото се појавило попладнето околу 16 часот и според жандармеријата и пожарникарите триесетина кампинг приколки и шатори беа погодени од паднати дрвја и гранки за време на невремето.
Лицето што го изгуби животот е маж на 50-годишна возраст, додека од четворицата повредени две лица се во критична состојба.