Едно лице загина, тројца се исчезнати во поплавите во Франција

Од:

Една жена загина синоќа, а тројца се сметаат за исчезнати во Југозападна Франција како резултат на поплавите, предизвикани од силните бури, изјави министерот за внатрешни работи Бернар Казeнов.

Телото на жената е пронајдено надвор од автомобилот и на брегот на реката, соопштија властите во депарманот Вар. Нејзината ќерка не била пронајдена, и исто така се претпоставува дека загинала.

Спасувачките тимови ја пребараа синоќа реката крај гратчето Ла Лонд во истиот реон по преживеани, откако очевидци соопштија дека возило било однесено од надојдените води.

Поплави, причинети од поројни дождови блокираа вчера 130 деца во две училишта во места во близина до Сен Тропе, Јужна Франција. Децата веројатно ќе ја поминат ноќта во училиштата заедно со наставниците, соопшти префектурата во департманот Вар.

Спасувачите категорично им препорачале на родителите да не се обидуваат да стигнат до блокираниот реон, и ги увериле оти животот на нивните деца не е во опасност. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили