Едно лице загина, а најмалку осуммина се повредени во протестите во градот Пичанаки во Перу, соопштија денеска перуанските власти.
Протестите се организирани против истражувањата за природен гас, кои ги врши аргентинската енергетска компанија „Плуспетрол“.
Претставникот на перуанските власти Хозе Луис Алварез изјави дека насилството избило, откако демонстрантите се обиделе да заземат полициска станица и воена касарна.
Според него протестите се уште траат во тој оддалечен град и претставници на Владата се на пат кон регионот за да ги смират тензиите.