Една жена убиена кога вооружен маж упадна во дом за монаси во Франција

Од:

Вооружен маж синоќа упаднал во дом за пензионирани монаси во местото Мофери-сир-Ле во департмантот Еро во југозападна Франција, а во текот на операцијата на специјалната единица на жандармеријата за негово неутрализирање, е пронајдена една мртва жена.

Како што јавија француксите медиуми, полицијата се уште трага по осомничениот напаѓач.

Неименуван извор близок до истрагата за медуимите изјави дека жената ја контактирала полицијата пред да биде убиена со нож.

– Во оваа фаза од истрагата ништо не навестува дека е можно да станува збор за терористички чин, додаде истиот извор.

Мажот кој упаднал во домот во кој живеат 70 монаси во пензија, бил сам, со маска на главата и вооружен со нож и пушка со скратена цевка. Мотивите за нападот засега се непознати, изјави истиот извор.

Припадници на жандармеријата се во потрага по напаѓачот, кој претходно ја врзал убиената жена, инаку вработена во домот за пензионирани монаси, кои претходно биле ангажирани во мисии низ Африка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили