Една од омилените спортистки на Владимир Путин ја напушти Русија, нејзината локација е непозната

Од:

Не се очекуваше една од омилените спортисти на Владимир Путин да ја напушти Русија, а тоа предизвика лавина реакции бидејќи се уште не се знае нејзината локација.

Анастасија Давидова (39), генерален секретар на рускиот олимписки комитет и повеќекратна освојувачка на олимписки медали во синхронизирано пливање, ја напушти Русија.

Таа е една од најуспешните руски спортистки на сите времиња и жена која го подигна спортот на ново ниво во својата татковина.

Освоила пет медали, а на Олимписките игри од Атина до Лондон (од 2004 до 2012 година) освоила злато во низа. Таа го носеше и руското знаме во главниот град на Англија.

До моментот кога се појави оваа вест, Путин многу ја ценеше Давидова и таа беше една од неговите омилени.

Исто така беше отворен комплекс за синхронизирано пливање што го носи нејзиното име. На презентацијата со неа беше и Путин.

Доколку се докаже дека Давидова ја напуштила земјата од политички причини, нејзиното иселување ќе претставува симболичен удар за Владата на Русија.

Путин неодамна нареди делумна мобилизација (300.000 луѓе), па многумина веднаш ја напуштија земјата.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски