Еден загинат при земјотрес во Кина

Од:

Едно лице загина денеска при земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровара скала што го погоди ујгурскиот автономен регион Синкјанг во северозападниот дел на Кина.

Како што јави кинеската акенција Ксинхуа, човекот загинал кога при потресот се урнала куќата во која живеел.

Земјотресот бил на длабочина од 12 километри со епицентар на 170 километри од градот Каши, во близина на кинеската граница со Таџикистан.

Властите на Таџикистан и Пакистан соопштија дека потресот бил почуствиван и во нивните погранични региони долж границата со Кина.

Би можело да ве интересира

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија