Еден загинат и неколку повредени на протести во Египет

Од:

Полицијата во Каиро и неколку други египетски градови го зголеми нивото на подготвеност со цел за разбивање на неколку помали протести, во кои загина еден демонстрант и неколку се повредени.

Денешните протести во Египет се со цел за одбележување на годишнината од почетокот на револуцијата во 2011 година, која доведе до соборување на режимот на долгогодишниот лидер на земјата Хосни Мубарак.

Еден демонстрант е убиен во Александрија откако дошло до судир меѓу полицијата и 300 приврзаници на забранетата група Муслимански браќа.

Според полицијата демонстрнатот отворил оган врз полицијата за време на протестот, по што припадниците на полицијата возвратиле и го убиле. На истиот протест се повредени уште тројца демонстранти.

Двајца полицајци се денеска повредени при експлозија на бомба во Каиро, а безбедносните сили брзо ги растераа малубројните демонстранти. Експлозивната направа била активирана во близина на полициска патрола во квартот Хелиополис.

Во меѓувреме, приврзаници на соборениот од власт исламистички претседател Мохамед Морси се собраа на централниот плоштад Тахрир, носејќи негови фотографии.

Околу плоштадот биле поставени 22 оклопни возила, а улиците за пристап до него се блокирани. Единици на безбедносните сили се распоредени и на плоштадот Раба, во северниот дел на Каиро, каде во август 2013 година беа убиени стотици приврзаници на Морси. 

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски