Еден убиен и двајца повредени при обид за напад во седиштето на американската НСА

Од:

Едно лице загина, а двајца се повредени откако возило ги пробило безбедносните огради на влезот во седиштето на Националната безбедносна агенција во Форт Мид, во државата Мериленд, соопштија безбедносните органи.

Во инцидентот биле истрелани повеќе куршуми од огнено оружје. Двајцата напаѓачи биле маскирани во жени, а во нивниот џип марка „Форд ескејп“ е пронајдено поголемо количество наркотици и оружје, објавија американските медиуми.

Мотивите за нападот се уште се непознати, но извори од ФБИ наведуваат дека тој не е поврзан со тероризам, туку веројатно станува збор за локални криминалци.

Би можело да ве интересира

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа