Еден рудар загина, 13 се повредени, а десетици се затрупани под земја на рударска локација во индонезиската покраина Северен Сулавеси, соопшти Националната агенција за вонредни состојби.
Рударите ископувале злато кај селото Бакан.
– Десетици рудари синоќа околу 21 часот по локално време се затрупани под земја на нелегална рударска локација, напиша на Твитер портпаролот на Агенцијата, Сутопо Пурво Нугрохо.
Спасувачки екипи се наоѓаат на местото на несреќата.
– Спасувачки тим продолжува со евакуација на десетина рудари кои се затрупани кај селото Бакан, додаде портпаролот.