Еден од петмина Романци и Бугари имигранти во Велика Британија не работат

Од:

Една петина од имигрантите од Романија и Бугарија,кои сега живеат во Велика Британија, не работат,тврди агенцијата „Мигрејшн Опсерватори“ повикувајќи се на своето истражување направено специјално за дојденците од источноевропските земји.

Според агенцијата, станува збор за работно способни лица кои можат и треба да најдат работа, но тие тоа не го прават.

Истражувањето на „Мигрејшн Опсеравтори“, чии ставови и погледи се блиски до евроскпетиците во владејачката Конзервативна партија на премиерот Дејвид Камерон, покажало дека за само една година во Британија се дојдени 50 илјади имигранти од овие две балкански земји. Од нив, не работат 46 илјади, што е огромно зголемување во споредба со 2006 година, последната година пред нивниот влез во ЕУ, кога не работеле само три илјади Бугари и Романци.

Оваа агенција ја предупредува владата дека претстои нов и поголем наплив од дојденци од овие две држави, како и од другите од источниот дел на ЕУ, што Британците ги ставаат во држави од категорија А2.

Директорот на агенцијата „Цивитас“ Дејвид Грин, настапувајќи од слични позиции,за проториевскиот „Дејли Телеграф“ изјави дека иако големо мнозинство имигранти се дојдени за да работат, Велика Британија останува атрактивна земја за луѓето кои доаѓаат само за да ги користат нејзините социјални бенефиции.

Овие две агенции тврдат дека во Британија има 252 илјади државјани на Романија и Бугарија. Од нив 235 илјади се работно способно население, но работат околу 190 илјади.

Членството во ЕУ им овозможува на луѓето од сите земји членки слободно да се движат и да бараат работа во секоја од земјите на Унијата. Бугарија и Романија беа првите две, кои седум години беа под рестрикции околу вработувањето во земјите на ЕУ по големиот имиграциски наплив од Полјаците, веднаш по приемот на оваа земја во Унијата во мај 2004 година.

Владата на Камерон покрена силна кампања и распали во медиумите антиимигрантска еуфорија против дојденците од земјите од Истокот на ЕУ, барајќи рестрикции за нив и лимитирање на нивниот број. Овие имигранти се обвинуваат дека се претвораат во „социјални туристи“ кои доаѓаат во Велика Британија само за да живеат од нејзините богати социјални бенифиции.

Кампањата ја предводат евроскептиците во редовите на Конзервативната партија ,исплашени од засилените позиции на антиевропската партија УКИП па бараат од премиерот Камерон воведување остри имигрантски мерки во земјата и тврда позиција кон Брисел, од каде нема подршка за ваквата политика.

Минатиот месец, лондонскиот Јуниверсити Колеџ направи истражување според кое британската економија „заработила„ пет милијарди фунти од источноевропките имигранти, во периодот меѓу 2001 и 2011 година. Од друга страна, во период од 17 години, почнувајќи од 1996 година, се дадени 120 милијарди фунти од државниот буџет за имигрантите од неевропските земји, податок што евроскептиците редовно го покриваат.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно