Еден британски војник загина, а тројца се повредени на тенковско стрелање во Велс

Од:

Британското Министерство за одбрана соопшти денеска дека еден војник, загинал, а други тројца се повердени во инцидент што се случил со тенк на британската армија, на полигонот за обука, во воената база во областа Пемброкшир, во Западен Велс.

Инцидентот се случил вчера попладне, во текот на стрелање со боева муниција, но министертсвото во Лондон не соопшти никакви детали за тоа како се случил инцидентот.

Во соопштението само се вели дека војникот денеска претпладне им подлегнал на повредите, како и дека тројцата повредени војници кои се сместени во болници во Велс и Англија, се наоѓаат во тешка состојба, но не се во животна опасност.

Истрага за трагичниот инцидент отворија Министерството за одбрана и велшката полиција.

Полигонот на базата во Велс се користи за артилериско стрелање со боева муниција.

Медиумите во Кардиф и Лондон откриваат дека ваквите воени активниости, со стрелање од артилерсики орудија, на полигонот во велшката база, било предвидено да се одвиваат до утре.

Базата „Кастелмартин“ е единствена локација на британската армија што има и ваков полигон, каде може да се пука со огнено оружје.

Полигонот го користи армијата на Велика Британија, армиските резервисти и кадети, но локацијата се користи и од разни цивилни организации и истражувачки центри.

Базата во западен Велс е уредена уште во 1938 година и има површина од 5.900 акри.

Пред пет години, на полигонот во базата „Кастелмартин“ во еден сличен инцидент, загина еден армиски кадет.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Велс: Избодени со нож се неколку лица

Горан Наумовски

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он