Ебрард: Мексико ќе бара екстрадиција на осомничениот за нападот во Ел Пасо

Од:

Мексико размислува да поднесе барање за екстрадиција на осомничениот за саботниот масакр во Ел Пасо, Тексас, бидејќи шестмина од загинатите се мексикански државјани, соопшти министерот за надворешни работи на оваа земја, Марсело Ебрард, јави ДПА.

-Ние инцидентот го класифициравме како терористички напсд врз мексиканско-американската заедница и врз Мексиканците во САД, им изјави вчера Ебрард на новинарите.

Канцеларијата на државниот обвинител на Мексико истражува дали може да го обвини 21-годишниот осомничен напаѓач од Ел Пасо за тероризам против Мексиканците во САД, соопшти Ебрард, пренесува ДПА.

-Оттаму, исто така, проценуваат дали може да обвиненија против оние кои на осомничениот му го продале оружјето што се користело во нападот, рече тој.

Ел Пасо се наоѓа на самата граница со Мексико, спроти Сиудад Хуарез, а многу Мексиканци секој ден ја минуваат границата за работа или купување во САД.

Американските власти соопштија дека масакрот се истражува како „домашен тероризам“ и обвинителите, исто така, размислуваат да го обвинат осомничениот за федерални злосторства од омраза.

Полицијата верува дека човекот може да биде одговорен за „манифестот“ објавен на Интернет непосредно пред пукањето, во кој се вели дека за нападот е одговорна „латино инвазијата на Тексас“.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија