Џонсон: Вакцинацијата ќе ни овозможи да се вратиме во нормалниот живот

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека веста дека британското регулаторно тело ја одобрило употреба на вакцината на Фајзер и Бионтек е „фантастична“ и оцени дека вакцинацијата ќе придонесе за рестартирање на британската економија.

– Вакцинацијата ќе ни овозможи да се вратиме во нормалниот живот и повторно да ја придвижиме нашата економија, рече Џонсон.

Првиот човек на медицинска професија во Велика Британија, Крис Вити најави дека до пролет следната година би требало да заврши вакцинацијата на здравствено најзагрозените Британци.

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок претходно за Сакј Њуз изјави дека Велика Британија следната недела ќе почне да ги вакцинира граѓаните против Ковид-19 со вакцината на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.

Велика Британија прва во светот ја одобри употребата на вакцината против коронавирусот на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.

– Владата денеска ја прифати препораката на Агенцијата за лекови и здравствени производи и одобри употреба на вакцината на Вајзер и Бионтек, објави британската Влада.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он