Џонсон: Русија може да се обиде да се вмеша во изборите во Велика Британија

Од:

Постои реална можност Русија да се обиде да се вмеша во парламентарните избори во Обединетото Кралство следниот месец, изјави британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон.

Во интервју за весникот „Телеграф“, објавено денеска политичарот од британската Конзервативна партија изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ќе биде задоволен доколку Лабуристичката партија на Џереми Корбин победи на изборите на 8 јуни.

Според зборовите на Џонсон, Путин веќе презел мерки во САД, Франција и на Западен Балкан.

– Затоа треба да бидеме внимателни, рече тој и додаде дека смета оти Путин сака да ја „разниша довербата во демократијата општо и да го дискредитира целиот демократски процес“.

Би можело да ве интересира

Англиски спортски водител е уапсен под сомнение дека силувал дете

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства