Џонсон: Не очекувајте напредок за Брегзит во Њујорк

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска предупреди дека нема да има напредок во разговорите за Брегзит со европските лидери во Њујорк, затоа што јазот меѓу двете страни останува, но рече дека е постигнат значителен напредок во постигнување договор.

Три години откако Британците гласаа да ја напуштат ЕУ, надежите за придвижување оживеаја минатата недела кога Џонсон рече дека се наѕира обликот на договорот за излегување на Велика Британија од Европската унија, а претседателот на Европската комисија Јункер рече дека договор е можен.

Меѓутоа, двете страни не се согласуваат настојувањето на Лондон да се отстрани граничниот „бекстоп“ од договорот за излез кој го постигна претходничката на Џонсон, Тереза Меј. Дипломати во ЕУ велат дека Лондон не дал никаква прифатлива алтернатива.

Џонсон, кој вети дека ќе го реализира Брегзит со или без договор, ќе се состане со лидерите на ЕУ на маргините на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, меѓу кои и со германската канцеларка Ангела Меркел и ирскиот премиер Лео Варадкар.

Тој исто така ќе разговара за напредокот постигнат во договорот за Брегзит со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

– Би ве предупредил сите да не мислите дека тоа ќе биде прашање на момент. Не сакам претерано да ги зголемуваме очекувањата дека ќе има напредок во Њујорк, изјави Џонсон во авионот на пат кон Њујорк.

Британскиот премиер нагласи дека иако „добар дел“ од напредокот е постигнат откако тој ја презеде функцијата во јули, и лидерите на ЕУ сега прифаќаат дека договорот постигнат со неговата претходничка треба да се промени, „очигледно се уште има јазови и тешкотии“.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он