Џонсон: Ја преземам целата одговорност за владиниот одговор на Ковид-19

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека ја презема целосната одговорност за владиниот одговор на пандемијата со новиот коронавирус и негираше дека се обидел да ги обвини здравствените работници за ширење на Ковид-19.

Џонсон беше критикуван откако изјави дека поединечни медицински работници не ги следеле процедурите за запирање на бројот на починати од последици од новиот коронавирус, а лидерот на опозициските лабуристи, Кир Страмер повеќепати бараше извинување од британскиот премиер.

Џонсон денеска во Парламентот изјави дека немал намера да ги обвини здравствените работници за тоа што се случи со пандемијата.

– Кога е во прашање преземање на вина, ја преземам целата одговорност за тоа што се случи. Една работа што никој не ја знаеше за време на пандемијата е дека вирусот се пренесува асимптоматски од човек на човек и затоа насоките и процедурите се сменија, посочи Џонсон.

Велика Британија е на трето место во светот по бројот на починати од последици од Ковид-19 со потврдени 44.391 смртни случаи. Во земјата вкупно регистрирани се 286.349 инфицирани луѓе.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он