Џонсон: Индија „многу силна“ во осудата на злосторствата во Буча

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон кој се наоѓа во официјална посета на Индија изјави дека властите во Њу Делхи биле „многу силни“ во нивната осуда на злосторствата извршени во Буча.

– Доколку се гледа на тоа што рекоа Индијците, тие се многу силни во нивната осуда на злосторствата во Буча, рече Џонсон во изјавата дадена од западната индиска провинција Гуџарат.

Зборувајќи за односите на релација Њу Делхи и Москва, тој рече дека „секој разбира дека Индија и Русија имаат различни односи споредбено на оние што ги имаа Русија и Велика Британија последните децении“.

– Свесни сме за таквата реалност, секако дека ќе разговарам за тоа со премиерот Нарендра Моди, рече британскиот премиер.

Џонсон посочи дека и Велика Британија и Индија се „мошне зависни од увозните фосилни горива“, како и дека двете држави треба да работат на изнаоѓање начини за надминување на таквата состојба.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина итно испраќа резерви во регионот Харков за да ја запре руската офанзива

Украина: Русија изврши комбиниран напад со дронови и ракети, двајца се повредени во Харков

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков