Џонсон ги пречека генералниот секретар на ОН и лидерите на Јужна Кореја, Австралија и ЈАР како гости на самитот Г7

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери попладнево го пречекаа генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и лидерите на Јужна Кореја, Австралија и Јужна Африка, кои пристигнаа на самитот на Г7 како гости.

Лидерите се поздравија и се фотографираа на групна фотографија на плажата во Корнвол, на југо-западот од Англија, местото на кое се одржува самитот.

Групата од седум најразвиени светски економии се состои од Велика Британија, САД, Франција, Германија, Италија, Канада и Јапонија.

Британската Влада ги покани земјите гости да учествуваат на самитот во рамките на агендата на Џонсон „Глобална Британија“, бидејќи, како што објави владата, тие можат да им помогнат на претставниците на Г7 да ја „интензивираат соработката на демократските и технолошки напредните држави“.

На самитот, исто така, беше поканета и Индија, но нејзината делегација нема да присуствува физички поради сериозната состојба со коронавирусот во земјата.

Лидерите се очекува утре, на крајот од тридневниот самит, да ја усвојат „Декларацијата од Карбис беј“, што ќе ги обврзе да се борат против сите идни пандемии во рок од 100 дена по избувнувањето.

Би можело да ве интересира

Членките на Г7 заклучија: Мoсква останува „единствената пречка за праведен мир“ за Украина

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

Пекинг ги обвини земјите од Г7 дека соработуваат за да ја „клеветат и нападнат“ Кина

Горан Наумовски

Стигна реакцијата на Русија на „хистеричниот“ самит на Г7

ВИДЕО: Зеленски во Хирошима допатува со воен авион на француската влада

Медведев се закани дека ќе го раскине договорот за жито доколку Г7 го забрани извозот во Русија

Ана Ололовска