Џонсон би можел да биде „граѓански уапсен“ ако ја посети Шкотска

Од:

Еден од челниците на шкотскиот синдикат го предупреди Борис Џонсон дека може да доживее „граѓанско апсење“ поради неговата одлука за суспендирање на Парламентот, која според највисокиот шкотски суд ја прогласи за нелегална.

Стратегијата на премиерот Џонсон за Брегзит не успеа кога тројца високи судии во судот во Единбург пресудија дека неговиот чин на суспендирање на Парламентот во услови на криза поради излегувањето на Велика Британија од Европска Унија е незаконски и затоа не е валиден, пишува британски „Индипендент“.

Лабуристот, Сир Кир Стармер истакна дека пресудата е „од најголемо значење“ и вети дека ќе се обиде да ги врати парламентарците на своите места, така што премиерот ќе биде одговорен пред нив.

Говорејќи после тоа, Лен МекКлуки, генерален секретар на синдикатот Обединети, за „Скај њуз“ истакна дека одлуката на шкотскиот суд е навистина невообичаена.

– Мојот совет до премиерот е да не се дојде во Шкотска бидејќи може да доживее граѓанско апсење. Подобро да остане во бункер некаде во Етон или Вестминстер, наведе МекКлуси.

Другите синдикати го повикаа премиерот да го врати Парламентот за да ги реши несогласувањата.

Стармер вети дека ќе го „врати Борис Џонсон во Парламентот“, за да сноси одговорност за тоа што го направил.

– На сите им беше јасно дека суспендирањето на Парламентот во толку круцијално време не само што не беше во ред, туку тие треба постојано да седат и да разговараат и да се обидат да ги решат проблемите на најдобар можен начин, посочи Стармер.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он