Џон Мекејн и Карл Билд членови на меѓународниот консултативен совет на Украина

Од:

Американскиот сенатор Џон Мекејн и поранешниот шведски премиер Карл Билд, се именувани за членови на Меѓународниот консултативен совет на Украина, изјави во Киев претставник на кабинетот на украинскиот претседател Петро Порошенко.

Овие двајца политичари се меѓу неколкумината странци, кои се назначени за да бидат надворешни советници во консултативниот совет, што е создаден со посебен декрет на Порошенко.

Украинските власти одлучија да се формира еден ваков совет, за да помогне во спроведувањето на неопходните реформи во оваа земја, погодена со судирањата во Источна Украина.

Републиканскиот сенатор од САД, Мекејн е еден од најсилните подржувачи во Вашингтон, за испраќање американско оружје за да им се помогне на прозападните власти во Киев, против „руската агресија“.

Покрај, Мекејн, кој беше и претседателски кандидат за американските избори во 2008 година, како и познатиот шведски политичар Билд, меѓу странските советници е именуван и поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили. Двајцата важат за остри критичари на политиката на Русија кон Украина.

– Сите овие луѓе имаат големо искуство во спроведување реформи во своите земји, изјави Дмитри Шимкин, претставник на кабинетот на украинскиот претседател.

Шимкин додаде дека новоформираниот Меѓународен консултативен совет, набргу ќе ја одржи својата прва седница.

Би можело да ве интересира

Декларацијата на мировниот самит за Украина ја потпишаа 80 земји, но не и земјите на БРИКС

A1on

Буданов: Украинските сили со 70 дронови го нападнаа рускиот аеродром во Ростовската област

Горан Наумовски

Русите го напаѓаат Киев

Претседателката Сиљановска Давкова ќе учествува на Конференција за обнова на Украина во Берлин

Предраг Петровиќ

Орбан: Западот сака воено да ја победи Русија за да го задржат богатството на Украина

Горан Наумовски

Руската армија собори уште едно украинско беспилотно летало