Џон Кери ќе го посети аеродромот Завентем во Брисел

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска ќе ја посети Белгија, каде ќе биде пречекан од белгискиот премиер Шарл Мишел и од вицепремиерот и шеф на белгиската дипломатија Дидје Рејндерс.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, предвидено е Кери да го посети и Националниот аеродром „Завентем“, каде пред три дена беше извршен еден од двата терористички напади во кои вкупно загинаа 31 лице, а над 300 беа ранети.

Според најавите, Кери доаѓа во Белгија да го изрази своето „длабоко сочувство“ по терористичките напади во вторникот, а предвидено е тој да се сретне и со претставници на институциите на Европската унија во белгиската престолнина, како и в болница да ги посети американските државјани кои беа ранети во терористичкиот напад.

– Кери ќе ја повтори силната поддршка на САД на белгиските напори во истрагата за нападите. Белгија и САД ќе продолжат да придонесуваат во меѓународната борба против насилниот екстремизам, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби, најавувајќи ја денешната посета на Кери на Белгија.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас