Џиновскиот куп отпад во Пацификот голем речиси колку половина од територијата на САД

Од:

Голем пацифички куп отпад, кој е сместен меѓу Хаваи и Калифорнија е многу поголем, отколку што претходно се сметаше, покажаа снимките направени од воздух.

Џиновскиот куп од отпад во Тихиот Океан покрива околу 4,5 милиони километри квадранти, што е речиси половина од површината на САД, пишува весникот „Гардијан“.

Набљудувањето од воздух го изврши фондацијата „Ocena Cleanup“, финансирана од страна на филантропи од целиот свет и холандската Влада, која планира до 2020 година да почне со чистење на големата количина пластичен отпад, што кружи по океаните.

– Вообичаено е прво да согледате со што имате работа и тоа беше задача пред да почнеме со чистењето. Но, ова што го видовме не го очекувавме. Количината на отпад целосно не изненади. Бизарно е да се види толкава голема количина отпад во она што би требало да биде чист океан, изјави Бојан Слат, основач на фондацијата.

Центарот на т.н. голем пацифички „тепих“ од отпад е мирен дел на Тихиот Океан, а морските струи, кои кружат околу него го носат отпадот. Тоа предизвикува акумулација на отпадот.

Купот акумулирал пластичен отпад, вклучувајќи големи предмети и помали искршени микро пластични предмети, кои може да бидат проголтани од рибите и на тој начин да влезат во ланецот на исхрана.

Според Програма за заштита на животната средина на Обединетите нации џиновскиот куп отпад расте толку побрзо, што станува видлив од вселената, како и Кинескиот ѕид.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

Орце Костов

Силен земјотрес во јужниот дел на Пацификот

Горан Наумовски