Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Од:

Денеска во близина на езерото Младост, северно од Велес беа пошумени 23 хектари или 50.000 дрвја на државно земјиште. Над стотина волонтери од Скопје и Велес учествуваа во масовната еколошка акција „СОНЧЕВА ГОРА“ и покажаа дека колeктивниот влог може да обезбеди зелена иднина за нас и за идните генерации.

Проектот се состои од два дела: годишната пролетна акција за чистење и селектирање отпад „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ и акцијата за пошумување на државно земјиште „СОНЧЕВА ГОРА“, што се одвива наесен и ја утврдува Министерството за земјоделство во рамките на годишната програма за пошумување. За секои 10 килограми собран отпад, министерството посветува по едно дрво.

Волонтери дојдоа на терен и ја подржаа акцијата со садење дрва.

Проектот ЗЕЛЕНА СОНЧЕВА започна во 2021 и ќе биде заокружен во 2031 година, за кој Мен енд Маунтен потпишаа меморандум со Министерството за земјоделство и ЈП Национални Шуми.

„За само три години, засадени се 90.000 дрвја и собран е отпад од 615.000 килограми, а досега учествуваа над 25.500 регистрирани волонтери, од кои 10.000 беа деца – нашите „Сончеви пионери““, велат од Мен енд Маунтен.

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски потенцираше дека со збогатувањето на шумскиот фонд во земјава обезбедуваме поздрава иднина за сите.

„Го чуваме и развиваме нашето најголемо природно богатство, а тоа се шумите. Си поставивме цел за пошумување на 1.200.000 садници, во 19 региони, на 36 локации низ земјава“.

Министерката за животна средина, Каја Шукова истакна дека ја радува фактот што од ден на ден се повеќе развиваме здрави навики кон животната средина.

„Ако пролетва собиравме и селектиравме отпад со масовно вклучување на многу партнери од државните институции, локалните самоуправи, бизнис заедницата и младите, сега покажуваме како со иновативен пристап, креативност и волја го рециклираме отпадот од минатото и градиме зелена иднина. „Да се извалкаме“ и да засадиме зелената иднина“, е нејзиното мото.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 11.000 садници на Ајватовски рид, делот кој беше опфатен со големите пожари летово

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

Орце Костов

Полицијата на отпад најде нецаринети возила со странско потекло