Џихадисти планираат да го убијат папа Франсис во Албанија?

Од:

Ирачкиот амбасадор во Ватикан, Хабиб Ал Садр изјави дека припадници на Исламска држава планираат атентат на поглаварот на Римокатоличката црква, папа Франсис во тек на неговата посета на Албанија.

Папа Франсис најави дека во недела ќе ја посети Албанија, а Ал Садр наведе дека тој би можел да биде во опасност и во тек на посетата на Турција во ноември.

-Верувам дека би можеле да се обидат да го убијат во тек на некое од овие патувања, но не се исклучува можноста да организираат атентат и во Рим.

Има членови на ИД кои не се Арапи, туку Канаѓани, Американци, Французи, Британци и Италијани. ИД би можеле да ангажираат кого било од нив, да изведе терористички напад во Европа- рече Ал Садр.

Припадници на Исламска држава во последниве неколку недели најавуваа инвазија на Европа, а нивен план е да го прошират својот калифат се до Рим и да го постават своето црно знаме на врвот на базиликата Свети Петар.

Ал Садр истакна дека папата ги навредил џихадистите поради изјави со кои ги осуди злосторствата кои Исламска држава ги направи во Сирија и Ирак и даде отворена поддршка на САД во борба против нив.

Е. Г.

 

Би можело да ве интересира

Ватикан: Папата Франциск денеска ги засили физичките и работните активности

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност