Екстремисти кои во тунел под сирискиот град Дака, го држат во заложништво Британецот Алан Хенинг, во понеделник и испратиле порака на неговата сопруга, во која тој се моли за својот живот, потврди британското Министерство за надворешни работи.
Од снимката која што е испратена на нејзина адреса, не може да се откријат никакви детали ниту дали е направена пред или по американските воздушни напади, врз позициите на припадниците на ИСИС.
-Аудио снимката на која Алан моли за својот живот ми е испратена само на мене. Меѓутоа Исламска држава не се согласува на отворен дијалог, за кој јас и луѓето кои ме застапуваат се залагаме -вели Барбара и додава дека маж и заминал во Сирија со цел да им однесе помош на своите пријатели муслимани.
Е. Г.