Џејмс Матис во посета на Кина

Од:

Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис денеска допатува во тридневна посета на Кина. Тој е прв шеф на Пентагон кој е во посета на Пекинг од 2014 година.

Целта на посетата е подобрување на безбедносната соработка помеѓу Вашингтон и Пекинг.

Матис пред полетувањето за Пекинг изјави дека сака „отворен дијалог“ на стратешко ниво.

Кинескиот државен весник „Глобал тајмс“ пред посетата на Матис објави дека „двете страни треба да научат да бидат добри слушатели“.

– Посетата на Матис на Кина укажува дека администрацијата на Трамп се уште сака да води воен дијалог со Кина, наведе „Глобал тајмс“.

Теми на разговор помеѓу Матис и кинеските претставници ќе биде американската безбедносна стратегија, како и Северна Кореја и денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

САД со ултиматум до Израел: Да се подобри хуманитарната ситуација во Газа

Авионска несреќа во САД, загина пилот, еден патник е повреден

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ