Двете страни во Украина се согласија на повлекување на тешкото вооружување

Од:

Двете страни во укранскиот конфликт се согласиле на повлекување на тешкото вооружување од првата линија на фронтот, во согласност со минатонеделниот мировен договор од Минск, изјави денеска украинскиот генерал Александар Розмазнин.

Тој за француските медиуми кажа дека „се потпишани документите за почеток на повлекувањето на тешкото вооружување долж првата линија на фронтот“.

Розмазнин истакна дека е прерано да се каже кога ќе почне повлекувањето на оружјето, но украинските медиуми наведуваат дека до тоа може да дојде веќе во текот на денешниот ден.

Претходно и рускиот генерал Александар Лентсов, член на украинско-рускиот Заеднички центар за контрола и соработка, задолжен за примената на прекинот на огнот на истокот од Украина, рече дека проруските сили се согласиле да го повлечат тешкото вооружување.

Лентсов наведе дека претставници на проруските сили ја потпишале наредбата повлекувањето на тешкото вооружување да се заврши во рок од две недели, почнувајќи од денеска, пренесе британскиот Би-Би-Си.

-Го одредивме 22 февруари за клучен ден, така што од денеска во следните 14 дена ќе ја реализираме одредбата од мировниот договор за повлекување на тешкото вооружување, рече рускиот генерал.

Тој наведе дека наредбата за повлекување на оружјето веќе е потпишаа лидерите на самопрогласените „Луганска“ и „Доњецка Народна Република“, додавајќи дека „пред се се надеваме дека и официјален Киев ќе се приклучи кон овие мерки“.

Претставниците на Киев и проруските сили синоќа  разменија вкупно 191 заробеници, што беше клучен дел од минатонеделниот мировен договор од Минск. Разменети се 139 украински војници за 52 проруски борци.

Ова беше првиот чекор предвиден со договорот од Минска што успешно е извршен, потсети Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17