Двегодишно дете го преживеа нападот во Ел Пасо откако мајката го заштитила со своето тело

Од:

Двегодишно детенце го преживеало вооружениот напад во Ел Пасо, Тексас, откако неговата мајка го заштитила со своето тело а потоа починала, јавуваат американските медиуми. Крвавиот настан се случи вчера во продавницата „Волмарт“ каде што загинаа 20 луѓе.

Конгресменката од Тексас, Вероника Ескобар, соопштувајќи за настанот, ја опиша мајката како „жена која го жртвуваше својот живот за да го спаси своето дете“.

„Ние бевме една од најбезбедните општества декади наназад. Ние сме топли и емпатични луѓе“, рече таа.

За напаѓачот, кој беше идентификуван како Патрик Крајзиус и кој има 21 година, Ескобар изјави дека „тој не доаѓал од оваа заедница, туку однадвор“.

„Во оваа земја, имаме епидемија на насилство со огнено оружје, но исто така имаме епидемија на омраза. И сè додека не се соочиме со таа омраза и додека не се соочиме со слабите закони за огнено оружје што ги имаме, ќе продолжиме да го гледаме ова“, рече таа.

Дваесет лица загинаа, а 26 беа повредени вчера во Ел Пасо, во една од најсмртоносните масовни престрелки во американската историја.

Околу 12 часа подоцна, се случи уште едно масовно пукање се случи во Дејтон, Охајо. Во нападот загинаа најмалку девет лица, откако маж во еден часот по полноќ по локално време влезе во кафуле и почна да пука. При нападот повредени се над 16 луѓе. Полицијата соопшти дека напаѓачот е убиен.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија