Две жртви во полициската акција во кафуле во Сиднеј

Од:

Две лица се убиени во полициската акција во кафулето во Сиднеј, каде маж држеше под заложништво вработени и гости повеќе од 16 часа, јави ТАСС, повикувајќи се на локалните медиуми.

Во акцијата е убиен и киднаперот. Властите засега не ги потврдија овие информации.

Непосредно пред полициската акција, властите објавија дека киднаперот е 49-годишен мигрант од Иран Ман Харон Монис. Тој пристигнал во Австралија во 1996 година. Харон го привлекува вниманието на полицијата откако почнува да праќа заканувачки пораки со омраза до семејствата на австралиски војници, што загинале во Авганистан.

Деминери и роботи за деактивирање на бомби влегле заедно со полицијата во упадот во кафулето во „Линд“ во Сиднеј, јави ДПА.

При упадот е повреден еден полицаец, по што настанала кратка пукотница во локалот. Полицијата објави крај на акцијата со порака на Твитер објавена во 2 часот и 30 минути по полноќ по локално време на 16 декември.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча