Фатма Демир и нејзината сестра Мерве беа спасени во Турција откако поминаа 62 часа под урната зграда, соопшти Кабинетот на гувернерот на Газиантеп.
Фатма Демир (25) на спасувачите им кажала дека до неа во моментот на земјотресот била нејзината братучетка Хусра. „Кога се случи земјотресот, врз мене падна бетонска плоча. Паднав на подот“, изјави Демир и додаде дека неколку пати се обидела да ја допре Хусра, но не можела да ја допре.
Екипите за пребарување и спасување во југоисточниот турски град Газиантеп продолжуваат со потрагата по затрупаните луѓе под урнатините.