Безживотните тела на две тинејџерки се пронајдени во вторникот во средното училиште Фајет Вер во Самервил, Тенеси. Земале преголема доза на фентанил, објави „Еј-би-си њуз“. Третата тинејџерка е пренесена во болница во критична состојба.
Едно од девојчињата има 16, а другите две 17 години, соопштија од управата на училиштето.
Окружниот обвинител Марк Дејвидсон рече дека преживеаното девојче е обвинето за убиство од втор степен и поседување контролирана супстанција.
Сите три девојчиња оделе во средно училиште каде се одржала церемонијата на дипломирање само неколку часа по трагедијата, пренесува „Еј-Би-Си њуз“.
Училиштето во четврток одржа панихида за ученичките со пуштање балони на училишниот паркинг. Официјалниот претставник на јавните училишта во округот Фајет, Верси Хамлет, рече дека ситуацијата ја потресе нивната заедница.
Дејвидсон рече дека обвинението за убиство за некој вмешан во смрт од предозирање со дрога е „невообичаено“.
Обвинетата девојка ќе се појави во судот за малолетници на 7 јуни на рочиште за статусот, според ABC News.