Две ракети истрелани од Појасот Газа кон Израел

Од:

Две ракети беа истрелани од Појасот Газа кон Израел рано утринава, само неколку часа по завршувањето на посетата на американскиот претседател Џо Бајден на земјата, објавија странските агенции, повикувајќи се на израелската армија.

Засега ниту една палестинска група не ја презеде одговорноста за нападот.

Ракетите биле истрелани кон јужен Израел. Едната бил пресретната од израелската противвоздушна одбрана, а другата паднала во напуштена област.

Гранатирањето ги активираше сирените за воздушна одбрана во крајбрежниот израелски град Ашкелон, 13 километри северно од Појасот Газа и околните области.

Џо Бајден пристигна во средата во прва посета на Израел откако стана претседател на САД. Тој вчера попладне го посети окупираниот Западен Брег на реката Јордан на средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас, по што отпатува за Саудиска Арабија.

Израел обично го обвинува палестинското исламистичко движење Хамас, кое го контролира Појасот Газа, за напади од енклавата, без разлика кој е сторителот.

Хамас го отфрли изразеното сочувство на американскиот претседател кон палестинскиот народ. Движењето, кое не го признава Израел, ги нарече САД „партнер во агресијата против нашиот народ“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски