Две индонезиски агенции за испитување на јавното мислење ја загубија лиценцата поради лажирање на резултатите

Од:

Две агенции за испитување на јавното мислење, кои минатата недела објавија дека според нивните испитувања на изборите за претседател на Инднезија ќе победи кандидатот на коалицијата предводена од Гериндра, Прабово Субиеанто, денеска добија забрана за работа. Забраната ја изрече комората на агенциите за испитување на јавното мислење, од како двете, сега забранети, агенции одбија да ги објават податоците за тоа како дошле до резултатот според кои Прабово ќе го победи вториот кандидат, гувернерот на Џакарта Јоко Видодо.

Според најголем број агенции за испитување на јавното мислење, но и според над 70 отсто до сега изброени гласови, кандидатот на коалицијата предводена од Демократската Партија на Борбата, Јко Видодо има освоено меѓу 52 и 53 проценти од преброените гласови.

На изборите за нов претседател на Индонезија, одржани на 9 јули, од запишаните 190 гласале нешто над 130 милиони Индонезијци. Централната изборна комисија има обврска конечните резултати да ги објави на 23 јули.

Аналитичарите во Џакарта предвидуваат дека Прабово Субијанто нема да го прифати, очекуваниот пораз и дека ќе се обиде претседателската функција да ја добие преку Уставниот суд. Прабово, поранешен генерал во армијата под раководство на диктаторот Сухарто, смета на влијанието на дел од воените и конзервативните политички и економски моќници од Индонезија, кои за него би лобирале пред Уставниот суд.

Би можело да ве интересира

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски