Две дози од вакцината на фармацевтската компанија Фајзер/Бионтек обезбедуваат заштита од ретко, но сериозно воспаление на органите што може да се појави кај деца неколку недели по инфекцијата со Ковид-19, соопштија од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Проценките покажуваат дека вакцината е 91 процент ефикасна во спречувањето на мултисистемски воспалителен синдром кај деца на возраст од 12 до 18 години, според студијата објавена од ЦДЦ.
Станува збор за синдром кој предизвикува воспаление на срцето, белите дробови, бубрезите и мозокот кај децата две до шест недели по лесна или асимптоматска инфекција со ковид.