Две деца од Флорида со калашникови пукале кон полицајци

Од:

Две деца побегнаа од малолетнички дом во Флорида, упаднаа во куќа и пукаа со калашникови кон полицајците кои пристигнаа на местото на настанот, соопштија американските власти.

Децата, 12-годишно момче и 14-годишно девојче, пронашле пиштоли во куќата во која провалиле во Ентерпрајз на Флорида и пукале кон замениците на шерифот, соопшти канцеларијата на шерифот во округот Волусија.

Девојчето било застрелано и повредено откако вперило пиштол кон полицајците.

„Момчето, вооружено со калашников АК-47, го фрли оружјето и не беше повредено“, соопшти канцеларијата на шерифот.

Девојчето е оперирано и е во стабилна состојба, соопштија властите. Замениците на шерифот не беа ранети во пукањето.

Според канцеларијата на шерифот, обвиненијата против децата сè уште не се потврдени.

– Полицајците направија се што можеа за да ја деескалираат ситуацијата, речиси ќе беа убиени од 12-годишно момче и 14-годишно девојче, рече шерифот на округот Волусија, Мајк Читвуд.

Шерифот рече дека девојчето има досие и дека било уапсено минатата година поради палење неколку напуштени објекти.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Се преврте автобус со работници на Флорида, осум мртви, 45 повредени

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски