Најмалку 12 лица загинаа во свлечишта во индонезиската провинција Западна Јава, пренесе ТАСС, повикувајќи се весникот „Џакарта пост“.
Според податоци на локалните власти, поројните дождови формирале потоци од кал, што целосно уништиле 11 куќи. Во спасиувачките операции учествуваат армиски единици и полицијата.
Евакуирани се околу 300 лица.
Во регионите што настрадаа во природната стрихија во прекин се комуникациите.