Американските вооружени сили нанесоа вчера и денеска шест воздушни напади врз борци на џихадистичката група „Исламска држава“ во реонот на сирискиот град Кобане, крај границата со Турција, соопшти американската Централна команда.
Нападите се извршени во согласност со копнените сили.
Уште шест воздушни напади се нанесени со помош на Франција и Велика Британија врз позиции на исламската група во Ирак, во близина на градовите Фалуџа и Баиџи.