Двајца загинати во рускиот напад во родниот град на Зеленски, две деца ранети

Од:

Две лица загинаа, а пет се ранети утринава во руски ракетен напад врз градот Криви Рих во централна Украина, соопшти Валентин Резниченко, шеф на воената регионална управа на областа Дњепропетровск. Меѓу повредените има и две деца, кои се хоспитализирани.

Претходно заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко изјави дека во Криви Рих, родниот град на претседателот, била погодена станбена зграда и дека под урнатините може да има жртви.

Масовниот ракетен напад утринава врз Украина е последен во серијата што руските сили ја лансираа во октомври со цел да ја уништат електричната мрежа на Украина. Ваквите удари предизвикаа низа прекини во снабдувањето со струја, вода и парно, што е особено опасно за цивилното население во студените зимски месеци.

Би можело да ве интересира

Русија: Не исклучуваме разговори со Американците

Украина прифати 30 дневен прекин на огнот

Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Најголем украински напад со дронови, таргетирана и Москва

Клучен состанок САД-Украина во Саудиска Арабија

Зеленски испрати писмо до Трамп и се извини за конфликтот во Белата куќа

А1он