Двајца загинати во пожар во станбен објект на Ерменската католичка црква во Истанбул

Од:

Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар во станбен oбјект до Ерменската католичка црква „Свети Спас“ во истанбулскиот кварт „Бејоглу“.

„Пожарот избувна во 21:45 часот по локално време на 23 јануари“, изјави главниот уредник на истанбулскиот весник „Заманак“, Ара Гочунјан.

Тој додаде дека веднаш пристигнала екипа на противпожарна единица. На местото на настанот пристигна и ерменскиот католички архиепископ од Истанбул, Левон Жекијан.

„Пожарот избувна во стара куќа за гости која беше во реновирање. Ова е трагедија. Во гостинската куќа имало седум лица, од кои двајца починале, а уште двајца се хоспитализирани“, рече Гочунјан.

Тој додаде дека нема информации за причината за пожарот. Пожарот бил изгаснат околу 02:00 часот по локално време.

„Фала му на Бога што самата црква беше спасена, пламените јазици не стигнаа до храмот“, рече Гочунјан.

Според него, двете жртви биле членови на ерменската католичка заедница.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Џелал Сенгор: Во Истанбул може да се случи земјотрес од незамисливи размери

Горан Наумовски

Турските разузнавачи го „неутрализираа“ организаторот на минатогодишниот бомбашки напад во Истанбул

Амбасадата на САД во Турција ги предупреди Американците на можни напади во Истанбул

ВИДЕО: Прв лет на ново беспилотно летало на турска компанија, побарувачката нагло порасна

А1он

Протест во Истанбул поради пресуда против градоначалникот на тој град во Турција

Горан Наумовски

Три лица загинаа во нападот врз Турција од северот на Сирија

А1он