Најмалку две лица загинаа, десетици се повредени, а 17 се сметаат за исчезнати во земјотресот со јачина од 7,1 степен по Рихтеровата скала, кој денеска го погоди Перу.
Двајцата загинати се од областа Јаука.
– Неколку куќи се урнати и можно е да се зголеми бројот на загинати и повредени, изјави Хорхе Чавес, директор на Перуанскиот институт за цивилна одбрана.