Двајца загинаа во џихадистички напад во Мали

Од:

Две лица загинаа синоќа при џихадистички напад во туристичката населба Кангаба, во близина на главниот град на Мали, Бамако.

– Малиските командоси ги ослободија дванаесетмината заложници што беа задржани од страна на џихадистите, а четворица напаѓачи се убиени од силите за безбедност на Мали, наведе министерот за безбедност Салиф Траоре.

– Тоа беше џихадистички напад. Малиските специјални сили ги ослободија дванаесетмината заложници. За жал две лица се убиени. Пронајдени се две тела на напаѓачите, а војниците трагаат по телата на уште двајца, нагласи Траоре, но не наведе дали има напаѓачи кои успеале да побегнат.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Планирале терористички напади, регрутирале за ИСИС – уапсени четворица

На четворицата уапсени за тероризам им е одреден 30-дневен притвор

Катерина Ѓуровски

Уапсен сопственикот на Телеграм

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот